„Ова морам да го додадам на својот профил на Тиндер“ - Бред Пит се шегувал околу разводот со Анџелина Џоли

Светски познатиот актер Бред Пит завчера освои САГ награда за улога во филмот „Си беше еднаш во Холивуд“, а овие два дена, освен за неговата средба со поранешната сопруга Џенифер Анистон, најмногу се зборува за говорот кој го одржал. Актерот не можел да одолее да не го спомене разводот од својата сопруга Анџелина Џоли.

via GIPHY

Откако ја преземал наградата, неговиот прв коментар бил: „Ова морам да го додадам во својот профил на Тиндер“.

Но, мора да ве разочараме. Иако милиони жени ширум светот се надеваат дека ќе налетаат на него на Тиндер, сепак тоа било само шега.

Сепак, Бред не запрел тука со своите шеги. па на урнебесен начин се пошегувал со „стапало фетишот“ на Квентин Тарантино. Се заблагодарил на актерите Леонардо Дикаприо, Марго Роби, стапалото на Роби, стапалото на Маргарет Квали, стапалото на Дакота Фенинг“.

Потоа го споредил својот живот  со животот на ликот од филмот ија насмеал цела сала.

„Да бидеме искрени. Беше тоа тешка улога. Тип кој ќе се надрогира, ќе ја соблече кошулата и нема да се согласува со својата сопруга. Беше тоа напор. Голем“, рекол, па се насмевнал.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега