Ова се новите цени на бензинот низ Македонија

Бензините поевтинија од полноќ за половина денарм а кај  дизелот нема промена на цената.

Ова е од одлуката која вчера беше донесена од страна на регулаторната Комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 68 денари за литар, Еуросупер БС 98 за 70 денари, а Еуродизел (Д-Е V) и натаму ќе се продава по 62 денара.

За 0,004 денари поскапува мазутот М-1 HC , и новата цена ќе изнесува 33,344 денари за килограм.

РКЕ ја донесе одлуката за намалувањето на малопродажните цени на нафтаните деривати, што во просек изнесува 0,09 проценти, врз основа на цените на горива и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега