Ова се пилотите мајор Дејан и капетан Звоонко кои загинаа во Србија- Се бореле МиГ 21 да не падне над куќи а зад нив оставиле три деца

Пилотите мајор Дејан Крсник и капетанот на прва класа Звонко Васиљевиќ од 101-та ловечко-авијацијска ескадрила на 204-та воздухополовна бригада на војската на Србија починаа при падот на авионот МиГ-21  во близина на Мали Зворник, соопшти српското министерство за одбрана, пренесува Недељник.рс.

Пилотот мајор Дејан Крсник, командир на 4-то авијацијско одделение на 101-та ловечко-авијацијска ескадрила, бил роден на 28 мај, 1971 година во Белград. Тој во професионална воена служба бил од 30 јули 1994 година. Оженет е и татко на едно дете.

Пилотот капетан од прва класа, Звонко Васиљевиќ, помошник командант за разузнавачко-извиднички работи на 101-та ловечко-авијацијска ескадрила, бил роден на 3 октомври 1977 година во Лозница. Во професионална воена служба бил од 29 септември 2001 година. Оженет е и татко на две деца.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, министерот за одбрана Александар Вулин и началникот на Генералштабот, генерал Милан Мојсиловиќ упатиле сочувство до фамилиите на загинатите пилоти.

Авионот МиГ-21 бил прегледан пред полетување во склад со сите процедури и по прегледот било констатирано дека нема проблем и е спремен за лет, наведува Министерството за одбрана.

Тој се срушил денеска околу 9.10 часот при извршување на редовни летачки задачи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега