Овие луѓе се оставени да починат: На милост и немилост на ураганот - за нив нема евакуација

 

Повеќе од милион граѓани ќе бидат евакуирани од Северна и Јужна Каролина, како и Вирџинија пред ураганот Флоренс, но некои затворски службеници, чувари и вработени планираат да остават илјадници затвореници во државниот затвор во Јужна Каролина и три градски затвори во Вирџинија.

Институтот за корекција МекДоугал во Јужна Каролина е изграден пред повеќе од 50 години, а во него има 650 луѓе во блокада. Според моменталните планови, затвореници ќе останат во објектот заедно со службениците, рекол ПР на институтот, Ли Дектер кој вели дека ќе биде продолжено следењето на ураганот за да се утврди дали е потребно да се евакуира затворот.

Затворениците на овој затвор не биле евакиурани ни за време на ураганот Хуго, кој ја погоди Јужна Каролина во 1989 година, а беше од четврта категорија.

Јужна Каролина нема намера ниту да го евакуира Казнено поравниот институт во Риџленд, а во неколку градски затвори во Вирџинија немаат планови за евакуација токму затоа што се наоѓаат до крајбрежјето каде е наредена евакуација на населението уште во вторникот.

 

 

 

14.09.2018 - 18:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега