Овој ден покажува кој ќе биде здрав, кој болен: Обичаи за Петровден

На 12 јули се обележува Петровден, празник посветен на светите апостоли Петар и Павле кога завршува и Петровденскиот пост за верниците.

Пред Петровден најстариот во семејството бере по еден цвет петровец за секого од домашните. Така собрани, ги всадува во земја каде што никој нема да ги види, ни допира. Утредента рано, кога никој не гледа, оди да ги погледне цветовите. Кому од домашните цветот му стои право – тој ќе биде здрав, ако цветот е свиткан – ќе биде болежлив, а ако цветот овенал – ќе умре.

На овој празник не се оди во поле и не се почнуваат тешки земјоделски работи, особено не се впрегнуваат коњи во кола.

Оние што на овој празник се гаѓаат со јаболка или ги удираат едни од други, предизвикуваат град и временски непогоди. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега