Овој потег на Заев е веслање на суво, искоментира Мицкоски за промената на врвот на СДСМ и Влада во земјата

Лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски, во интервју за Плусинфор нагласи дека Заев бил навреда за интелигенцијата на македонскиот народ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, промената на врвот на СДСМ како и Владата на Македонија ја искоментира како „веслање на суво-потег на Заев“.

„На овој начин тој повторно се обидува да ја навреди интелигенцијата на македонскиот народ. Ако мисли дека со тоа што номинира лице коешто е релативно непознато за јавноста и дека на тој начин јавноста ќе заборави дека 52 месеци се тие власт и дека 52 месеци ја пљачкосуваат, понижуваат и распродаваат Македонија. Како гарнитура на власт која четири и пол години владее со Македонија, таа прави уште еден неуспешен маневар, кој има за цел да направи едно фино приземјување надвор од политиката и брза евакуација и дислокација на сето тоа што е ограбено досега.  Така што, овој политички маневар, уште еднаш ќе повторам, го ценам само како обид да се навреди интелигенцијата на овој народ и обид да се влијае врз гласачите, со цел да се заборави на тоа што оваа Влада ѝ го има направено на земјава во изминатиов период“, изјавил Мицкоски.

Тој исто додаде, дека сегашната постава, била нова генерација на ВМРО, која се докажала на изборите. Но, лидерот на партијата одби да говори за неговите претходници Георгиевски и Груевски. 

„Јас сум им благодарен на моите соработници во партијата. Во минатото беа направени многу лоши, но и многу добри работи. Немам намера да говорам за моите претходници (Љубчо) Георгиевски и Груевски, бидејќи така сум воспитан. За луѓето коишто веќе не се дел од партијата нема да говорам ни добро, ни лошо. Ние сме политичари и нашето вреднување се валоризира со поддршката што ја добиваме на избори“, кажа Мицкоски.

 

22.11.2021 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега