Пациент претепал доктор во прсуство на полицијата во тетовска болница- лекарот загубил свест

 

На Кожното одделение во клиничката болница во Тетово утринава околу 9 часот бил нападнат лекар. Случајот е пријавен во тетовската полиција.

ОД СВР Тетово информираат дека напаѓачот подоцна е приведен.

-Пријавено е дека на Кожното одделение во тетовската клиничка болница физички бил нападнат лекарот А.Е.(45) од Тетово. Тој бил нападнал од пациентот А.Б.( 43 ) од Голема Речица, кој набрзо е приведен и задржан во полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот, соопшти полицијата.

За настанот информираат и од Здружението на лекари Албанци во Македонија каде членувал и нападнатиот лекар.

-Пациентот од нападнатиот лекар барал да добие изјава со потпис дека другиот лекарот не бил на работа каде што требало да биде примен на термин. Другиот лекар бил на состанок кај директорот. Пациентот револтиран што бил одбиен, го удрил и заминал. Во меѓувреме дошла полиција и за 15 минути, пациентот, пак, се вратил и во присуство на полицајци го дотепал докторот кој добил сериозни повреди. Значи, ни виновен ни должен бил нападнат, изјави Невзат Елези, претседател на здружението.

По вториот напад докторот паднал во бессознание. Веднаш бил префрлен во клиничкиот центар во Скопје, каде по укажаната лекарска помош се освестил. Првично се работи за повреди во главата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.09.2019 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега