Пад на цените на нафтата

Цените на нафтата на светскиот пазар паднаа поради загриженоста дека слабите податоци за економијата објавени во САД и Европа негативно ќе влијаат на изгледите за побарувачката.

Меѓународната референтна цена на нафтата брент попладнево изнесуваше 93,72 долари за барел по падот на цената од 3,16 отсто.

Американскиот репер West Texas Intermediate (WTI) се тргуваше по 88,20 долари за барел по падот на цената на нафтата.

На падот на цената на нафтата најголемо влијание имаа негативните економски податоци објавени во многу земји во светот и очекувањата за рецесија.

Американската управа за енергетски информации вчера објави дека комерцијалните залихи на сурова нафта во земјата минатата недела пораснале за околу 4,5 милиони барели на 426,6 милиони барели.

Одлуката на Банката на Англија (БОЕ) да ја зголеми референтната стапка за 50 базични поени на 1,75 отсто, најголемото зголемување на каматната стапка во последните 27 години, беше уште еден фактор што ја зголеми загриженоста за побарувачката на нафта.

04.08.2022 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега