Пад на продажбата на паметни телефони во Кина

Продажбата на паметни телефони во Кина има драстичен пад изминатата 2022 година, достигнувајќи го најниското ниво за последново десетлетие. Тоа, сѐ уште под притисок на пандемиските ограничувања и забавувања на економијата што ја задушија потрошувачката, според податоците на „ИДЦ“ и „Каналис“.

Имено, во Кина лани биле испорачани 286 милиони паметни телефони, што е за 13 отсто помалку од 2021 година, а обемот на продажба е најнизок од 2013 досега. Кинескиот технолошки гигант „Виво“ има продадено најмногу паметни телефони минатата година, но за четвртина помалку од 2021 година. Неговиот пазарен удел е 18,6 отсто, објави „ИДЦ“.

На второ место е брендот „Онор“ на „Хуавеј“, што испорачал околу 34 отсто повеќе уреди во 2022 година отколку во 2021 година. „Епл“ се израмни со „Опо“ на делба на третото место.

Во друг извештај, аналитичката компанија „Каналис“ објави дека „Епл“ продал 16,4 милиони уреди во четвртото тримесечје од минатата година во Кина, четвртина помалку отколку во истиот период во 2021 година. Испораките се намалени првпат од почетокот на пандемијата, се истакнува во анализата. 

30.01.2023 - 21:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега