Падна големиот Бразил: Хрватска во полуфинале

Падна најголемиот фаворит за првак на Светското првенство во Катар. Хрватска повторно на пенали ја помина и оваа нокаут фаза. По 120 минути игра натпреварот заврши со резултат 1:1, и тоа двата гола паднаа во продолженијата.

Нејмар погоди во последната минута од првото продолжение по одлучна акција во која со игра „на прва“ Бразил успеа да ја „бутне“ хрватската одбрана.

Петковиќ во 117. минута ја врати Хрватска по одличен шут кој зафати еден од бразилските дефанзивци и го изненади голмат Алисон Бекер.

Влашиќ стрелаше прв во пенал рулетот и со силен удар по средината ѝ донесе предност на Хрватска. Потоа следеше Родриго, чиј удар Ливаковиќ успеа да го процени и да ѝ даде предност на својата репрезентација.

За Хрватска стрелаа и Мајер, Модриќ и Оршиќ. Голови постигнаа и Касемиро и Педро, а во последниот удар Маркињос погоди во стативата со што Хрватска успеа да го победи големиот Бразил.

09.12.2022 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега