Падна одлука: Британија ќе ѝ праќа тенкови на Украина

Даунинг стрит потврди дека британската Ввлада планира да и обезбеди на Украина тенкови за да и помогне на земјата да се одбрани од руската инвазија, пишува Фајненшл тајмс.

Портпаролот на Даунинг стрит изјави дека британскиот премиер Риши Сунак побарал од секретарот за одбрана Бен Валас да работи со партнерите и да обезбеди дополнителна поддршка за Украина, вклучително и обезбедување тенкови.

Украина од летото бара британски тенкови, изјави претходно извор за Гардијан. Доколку британската Влада и испорача на Украина тенкови Челинџер 2, тоа ќе биде првпат една западна земја да и испорача на Украина модерни тешки борбени тенкови, информира Фајненшл тајмс.

11.01.2023 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега