Падна одлука: Пломбирани два познати скопски локали

По зголемениот број пријави од граѓани за гласна музика од угостителски објекти и непочитување на работното време во ноќните часови, Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, изминатиот викенд изврши контрола на неколку локали.

Поради пречекорување на работното време до 1 часот по полноќ на кафулињата „Интермецо“ и „Мош“, пазарната инспекција им изготви записници за затворање и забрана за работа од 10 дена. Решенијата до локалите ќе бидат доставени во текот на денешниот ден по што тие ќе бидат пломбирани.

„Општина Центар постојано добива поплаки од граѓаните за гласна музика и непочитување на работното време по што во неколку наврати досега има изречено казни за бучава. Општина Центар повторно апелира до сите управители и сопственици на угостителските објекти во општината да се придржуваат до постојните правилници, да имаат обѕир кон жителите што живеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина“, велат од Општината.

28.03.2023 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега