Падна одлука: Службен триумф за Шкендија над Шкупи и суспензија на „Чаир“

Падна одлука по вонредната седница, по повод инцидентот на денешниот натпревар Шкупи - Шкендија, од четвртфиналето од Купот на Македонија. Комисијата за натпреварување на ФФМ донесе одлука тимот на Шкендија, службено со 3-0 да го добие натпреварот со Шкупи.

Клубот се рпедава на Дисциплинска комисија на ФФМ, а пак теренот на Шкупи, стадионот во Чаир се суспендира за одигрување на првенствени и куп натпревари.Шкупи мора да пријави терен за одигрување на натпреварите како домаќин најмалку 100 километри оддалечен од стадионот Чаир во Скопје

За потсетување, целиот инцидент настана по голот на Дашмир Елези, кој се израдува пред трибината на чаирчани. Влегоа навивачи на терен, имаше удари и од двете страни, едните напаѓаа, другите се бранеа. Се фрлаше и пиротехника, тврди предмети кон гостинот од Тетово. Покрај казната која Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) му ја изрече на Шкупи за домашниот терен, сигурно е дека ќе се добие и висока парична казна за организацискиот пропуст.

09.11.2022 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега