Падна првиот снег во Македонија

Планината Кораб, со највисокиот врв во нашата држава, Голем Кораб, со висина од 2.764 метри надморска височина, утрово ја обеле првиот снег.

Снегот пристигна по дводневните интензивни врнежи од дожд, проследен со ветер а во текот на ноќта и урово и со ниски температури,кои беа присутни во овој најзападен дел на Македонија.

Поради врнежите на патните правци Дебар-Маврово и Деба-Струга има појава на помал одрони од камен и земја, за што се препорачува внимателно возење.

„Има помали одрони на камен и земја, нашите екипи кои се постојано на терен веднаш ги отстрануваат. Дополнително и поради влажните коловози се препорачува многу внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација“, порачуваат од дебарската секција на „Македонија пат“.

Посебна внимателност се препорачува на делницата Дебар-Жровница по клисурата на реката Радика, на патот кон Маврово, каде вообичаено одроните се најчести.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.09.2020 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега