Паднаа Инстаграм и Месенџер: Корисниците ширум светот не можат да испраќаат и примаат пораки

Дојде до прекин во функционирањето на Инстаграм и Фејсбук Месинџер.

Многу корисници го пријавиле истиот проблем – пораките е невозможно да се испраќаат или примаат.

 

Сајтот Даун Детектор забележа и голем број извештаи дека овие апликации не работеле во последните 15 минути.

На оваа веб-страница, корисниците во коментарите пишуваат дека проблем во работата на апликациите има и во различни делови на светот, како на пример Тунис, САД, Португалија…

Секако, и Инстаграм и Месинџер имаат ист сопственик – Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега