Паднаа одлуки: Избрано ново претседателство на ДУИ

Заврши состанокот на Централниот совет на Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во Тетово, на кој присуствуваа и претставници на таканаречената „Огнена група“.  Состанокот го водеше претседателот на партијата, Али Ахмети.

За потпретседатели на партијата избрани се Изет Меџити, Арбер Адеми, Бајрам Реџепи и Арбана Пашоли. Блерим Беџети е избран за организативен секретар, а Фатон Ахмети за генерален секретар и Саранда Имери, секретар за еднакви можности.

Во Централниот совет ќе бидат Али Ахмети, Рамиз Мерко, Јетон Шаќири, Фатмир Дехари, Крешник Бектеши, Талат Џафери, Невзат Бејта, Валдет Џафери, Теута Арифи, Џеват Адеми, Артан Груби, Бујар Османи, Висар Ганиу, Назим Буши, Ејуп Халими, Ариан Даци, Бесник Емшиу, Мирсад Ибраими, Ардита Дани, Билент Сали, Реси Абдурахмани, Шергил Беќири, Шабан Мемети, Артин Спахиу и Емир Сулејмани.

Претседателот Ахмети за членови на Надзорниот совет ги предложи Муса Џафери, Беким Незири, Јуамин Синани, Зенун Матјани, Мемет Селами, Шукри Масурица и Недим Рамизи

На средбата, Талат Џафери побара да се додадат уште 11 членови, но на овој предлог веднаш му се спротивстави Муса Џафери. Предлогот на Талат Џафери не беше прифатен, бидејќи мнозинството не гласаше за неговиот предлог, по што го напушти состанокот

15.10.2022 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега