Паднаа првите пресуди за обвинетите во Титаник 3

Паднаа првите пресуди против функционери од ДУИ за уништување на изборен материјал.

Кривичниот суд изрече по три години и шест месеци затворска казна за обвинетите во Титаник 3 Ејуп Аљими и Исмет Гури.

Пратеникот од ДУИ во распуштениот собраниски состав Ејуп Аљими денеска не дојде да ја слушне пресудата на скопска единица.

Судот ги прогласи за виновни Аљими и Гури дека уништувале изборни материјали на локалните избори во 2013 година во Чаир. Тие ги преправале точните резултати на гласовите, па така за ДУИ конечните резултати растеле, на ДПА и на ВМРО ДПМНЕ се намалувале. Овие резултати биле пратени во Државната изборна комисија со цел да станат конечни, но не им успеало.

Судењето за предметот траеше околу две години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега