Паднаа тројца дилери од Кочани и Штип

 


По претходна издадена наредба од Основен суд Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани вчера извршија претрес во дом и помошни простории кои ги користи Е.Х.Х.(43) од Кочани. При претресот се пронајдени и одземени две метални дробилки-гриндери и марихуана, а Е.Х.Х. е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така, како што информираат денеска од МВР, по претходна издадена наредба од Основен суд Кочани, вчера бил извршен претрес во домот на И.Р. (29) од Кочани, при што е пронајдена марихуана. И.Р. е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска, пак, исто така по претходно издадена наредба од Основен суд Штип, полициски службеници од СВР Штип извршиле претрес во дом кај А.Џ.(39) од Штип. При претресот е пронајдена марихуана и дробилка. А.Џ. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

06.08.2025 - 09:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега