Паднал од балкон во Кичево: 26- годишно момче од Албанија итно пренесено на скопска Клиника

Албански државјанин паднал од балкон во куќа во Кичево.

-На 30.04.2021 во 03.55 часот, И.В.(57) од Кичево во полициската станица пријавил дека дека од балкон на првиот кат од неговата куќа на улица „11 Септември“ во Кичево паднал М.К.(26) од Република Албанија, кој престојувал во неговата куќа, информираат од МВР.

Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.

Во врска со настанот на разговор во полициската станица Кичево биле повикани уште две лица од Албанија кои биле со М.К. во куќата, како и сопственикот на куќата.

 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.04.2021 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега