Паднал од велосипед и се повредил- малолетник со тешки повреди пренесен во струмичката болница

 

Малолетник управувајќи велосипед, паднал на коловозот и се здобил со тешки повреди, по што бил пренесен во болница во Срумица.

„На 24.06.2020 во 12,00 часот било пријавено дека во Струмица, на крстосницата од ул.„Младинска “ со ул„Ристоман Попчевски“ 17- годишник од Струмица управувајќи велосипед паднал на коловозот. 

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош“ соопштуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега