Паѓаат министри: Зеленски прави чистка во Киев

Дмитро Кулеба, министерот за надворешни работи на Украина, предал писмо со оставка од функцијата.

Киев Индипендент пишува дека ова утрово го соопшти Руслан Стефанчук, претседателот на украинскиот парламент.

Стефанчук рече дека оставката на Кулеба „ќе биде разгледана на една од претстојните пленарни седници“, но не прецизираше датум.

„Киев пост“ објави дека вчера поднеле оставки најмалку шест министри, а разрешен е и советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

04.09.2024 - 09:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега