Палестинскиот претседател: Палестинците имаат право да се бранат

 

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска изјави дека палестинскиот народ има право да се брани од „теророт на доселениците и окупаторските сили“, јави новинската агенција ВАФА.

Тој разговараше со голем број највисоки функционери на палестинската управа на итен состанок во Рамала.

Советникот на иранскиот врховен водач Али Хамнеи денеска им честитал на палестинските борци за најголемиот напад врз Израел во последните години, објави полуофицијалната новинска страница ИСНА. „Им честитаме на палестинските борци“, рече Рахим Сафави, цитиран од агенциите. „Ќе бидеме покрај палестинските борци до ослободување на Палестина и Ерусалим.

Во ненадеен напад, палестинската милитантна група Хамас во саботата влезе во неколку израелски градови со ракетни напади од Појасот Газа. Турскиот претседател Таип Ердоган денеска ги повика Израелците и Палестинците да се воздржат од непријателски активности кои би можеле да ја влошат ситуацијата.

„Ги повикуваме сите страни на воздржаност“, рече Ердоган на конгресот на неговата владејачка АК Партија во Анкара.

„Тие мора да се воздржат од агресивни дејства“, рече тој.

Најмалку 22 лица загинаа во Израел, а според последните информации повеќе од 500 се повредени.

07.10.2023 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега