Пандемијата ги раздели: Кортни Кокс не го видела својот вереник повеќе од 200 дена

Кортни Кокс и Џони МекДејд се во врска од 2013 година, а парот е разделен од март годинава поради пандемијата на коронавирусот.

Актерката Кортни Кокс не го видела својот свршеник Џони МекДејд повеќе од 200 дена откако пандемијата на коронавирусите ги раздели. Sвездата на серијата „Пријатели“ и членот на групата „Сноу Патрол“ не се виделе од месец март, оваа година.

Џони реши да се врати во родната Велика Британија само еден ден пред Калифорнија да прогласи карантин, вклучително и забрана за патување кон и од земјата. И покрај фактот дека не се виделе толку долго, Кортни истакна дека не е премногу осамена без свршеник.

„Најпрво бев загрижена за тоа што ќе правам сама. Почнав многу да готвам и уживав во тоа, а сега и се усовршував . Сепак, неделите се различни без него и многу ми недостасува“, изјави Кокс во едно интервју, додавајќи дека времето го поминувала со нејзините пријатели. Таа призна дека без пријателите нема да можела толку лесно да го издржи карантин.

Актерката живее со својата ќерка Коко (16), која ја доби со нејзиниот поранешен сопруг Дејвид Аркет.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 22:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега