Пандев: Сакам полн стадион во Скопје кога ќе заминам во пензија

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев ќе замине во историјата како еден од најдобрите фудбалери кои се појавиле од Македонија.

Во разговор со „morgenpost.de“, тој уште еднаш потврди дека на крајот од сезоната ќе стави крај на својата фудбалска авантура.

„Всушност, би сакал да ја завршам кариерата оваа есен пред мојата публика, на, се надевам, распродадениот национален стадион во Скопје. Оваа одлука ја донесов пред оваа сезона и не можам да замислам да играм уште една година во моментов. На 37-годишна возраст можете да го напуштите теренот за помладите со високо крената глава“, вели ветеранот, пренесува Гол.мк

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2021 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега