Пандов: На Македонија и требаат брзи избори

Години наназад ние добиваме препораки и јасно ни беше кажано дека ако има договор со Грција вратите на ЕУ се отворени. Но, тоа го расипаа. Го издигнаа Зоран Заев и тој лесно ги потпиша договорите со соседите. Ама сега ние сме високо рангирана земја по корупција, делење тендери по семејна линија, криминал, тука е и крахот на Специјалното јавно обвинителство, констатираше аналитичарот Александар Пандов на дебата на 24 телевизија.

Според него „сите знаеме дека клучно е за ЕУ владеењето на правото, а во Македонија знаеме и каква е ситуацијата во моментов“.

-Во контекст на договорите со соседите, Пандов посочи дека тука беше ситуацијата „дајте се ќе потпишеме“. -Каква затрчаност имаше во Македонија, кај Владата кога стануваше збор за Договорот со Грција. Кај нив беше се во смисла дајте се ќе потпишеме и толку, се ќе биде во ред. Дајте потпишете и на Марс ќе ве пратиме. Сите така го претставуваа Договорот со Грција, никој не мислеше на гаранција потспис на Договорот со гаранција за датум за старт на преговори со Европската унија, рече Пандов.

Говорејќи и за Договорот со Бугарија, Пандов посочи „дека е многу глупаво ние како Македонци да се откажеме од тоа што сме, да се бришеме, да ги бришеме своите корени“.

Според Пандов имајќи ја во предвид сета ситуација сега најдобро е да се оди на избори, тоа би значело рестартирање, тоа би значело нови луѓе кои ќе прават реформи за подобар живот.

-Оваа влада ако има доблест треба сега кога ќе се вратат од Брисел да излезат и да кажат на јавноста дека целта за која го добиеле мандатот не го оствариле. Затоа треба да одиме на брзи предвремени избори зошто се друго е губење време, вели Пандов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега