Пандов: Шилегов и Заев вршат идентитетски геноцид со промена на имињата на улиците во Град Скопје

Менување на имињата на улиците во Град Скопје е последна работа која што Петре Шилегов требаше да ја направи. После добиените локални избори за градоначалник во 2017 година и ветувањето дека ќе ја реши Универзална сала, дека ќе направи нови булевари, дека ќе направи нови мостови, ќе имаме тунел под Калето, дека ќе имаме Луна парк за децата, ништо од тоа не е направено и целиот негов мандат се сведува на клучната работа а тоа е да ги смени имињата на улиците и притоа како и за се друго што прави СДСМ се прави идентитетски геноцид, изјави денеска претседател на Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов.

-Имено, се менуваат имиња на народни херои, на револуционери, а на нивно место се ставаат разно разни ликови. Како пример ќе го дадам, се бриши името на еден од најголемите имиња во македонската историја Павел Шатев, гемиџија и прв министер за правда, се брише името на Христо Батанџиев, на Борис Трајковски, на Теодосија Гологанов, или ако сакате на нобеловката Мајка Тереза, а на нивно место се ставаат имиња на ликови кои што немаат никаква допирна точка со Градот Скопје и со македонската историја, а како капак на сето тоа сигурно по наредба на Зоран Заев, шефот на Шилегов ќе имаме улица која ќе го носи она срамно обележје и потпишувањето на договорот од Нивици со кое што да потсетам ни се смени уставното име. Тука не застанува тој идентитетски геноцид кој што го прави Шилегов и Заев сега, туку измислија дека треба цела листа на имиња на луѓе кои што ја сочинувале призренската лига, ќе бидат носители на имиња на улици низ Градот Скопје. Чисто за потсетување Призренската лига е создадена и главната идеја на таа Призренска лига е правење на Голема Албанија, вели Пандов.

Тој посочува дека повторно, како многу пати досега идејата на Шилегов и на Заев е да се фрли коска која што наместо да се разговара во ова општество за она кое што е клучно криминал и корупција, ние треба повторно да разговараме за меѓуетнички теми.

-Оттука со индигнација ние како Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ ги отфрламе овие имиња и остро се спротивставуваме на нив, нагласува Пандов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2021 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега