Паника меѓу мештаните, седат заклучени дома и со спуштени ролетни - убиецот од Суходол уби полицаец

Додека припадниците од полицијата трагаат по 43-годишниот Един Гачиќ, кој се сомничи за убиство на 46-годишниот полицаец Махир Бегиќ во саботата вечерта во Суходол, одалечено 30 километри од Сараево, мештаните се заклучени во своите кучи и без потреба не излегуваа од дома, а на прозорите ставиле ролетни и завеси.

Гачиќ е поранешен припадник на одредот „Ел Муџахид“ и веќе бил во затвор поради две убиства, а во бекество е од 4. февруари, откако го убил 39-годишниот трговец Суад Султаниќ во неговата продавница во селото Подорашац.

Сето тоа ги вознемири мештаните на Суходол.

-Исплашени сме, заклучени сме дома. Овде има многу напуштени кучи, шумата е густа, може убиецот да се крие било каде * рекол за Независни вести еден од мештаните кој на полицијата ѝ замерува што убиецот не го бараат пеш, наместо со автомобил.

Од полицијата велат дека потрагата по Гачиќ се проширила на многу пошироко подрачје отколку во Суходол.

Тој во моментов е најбараната личност во Босна и Херцеговина.

Бегиќ е убиен додека стражарел во Центарот за обука на полицијата во Суходол, каде има и стрелана. Телото го пронашол колега, кој дошол да ја преземе смената, а нејдени се неколку чаури.

Гачиќ по излегувањето од затвор го продал својот стан и купил куќа во Подорошац каде сега сите се исплашени и од страв не можат да спијат.

Во меѓувреме на Јутјуб се појави снимка која ја објавил токму Гачиќ во која меѓу другото вели дека за „два месеци заминува“, пишува порталот Аваз.ба

Снимката настанала откако Един излегол од затвор, на која осудениот убиец вели дека постара жена, во чија куча се снимил, му помогнала да преживее првите три месеци на слобода, а потоа вели дека нема да го има за два месеци.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2019 - 08:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега