Паника во Грција: Вирусот се шири по плажите на кои има многу туристи

Во округот Ксанти, кој се наоѓа во близина на омилените летувалишта на Македонците, во претходната недела дошло до драматичен пораст на бројот на заразени, а местото Ехинос е ставено во карантин.

Според пишувањата на локалните грчки медиуми, тамошните власти за цивилна заштита вовеле седумдневна целосна изолација на заедницата во тоа место, а според правилата, мештаните можат да ги напуштат своите домови единствено ако купат храна и лекови и мораат да носат маски. Само возилата кои ги снабдуваат со прехрамбени производи продавниците и аптеките може да влезат во тоа место, додека останатите малопродажни продавници се затворени.

Оваа вест ги загрижи туристите, затоа што Ксанти се наоѓа во округот Кавала, една од омилените дестинации на сите од Балканот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.06.2020 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега