Паника во Парламентот на БиХ: Од Белград стигнал коверт со куршум и морчнива порака

Во зградата на Парламентот во Босна и Херцеговина, преку пошта стигнал коверт во кој имало куршум.

Ковертот, според првичните информации, пристигнал од Белград, а куршумот бил спакуван во тувер. Пратката била примена на портирница во Заедничката служба на институциите во БиХ.

Во ковертот имало и порака: „Со верба во Бога на живот или смрт“, а внатре имало и фотографија од мртовечка глава.

Како адреса на примач бил наведен Парламентот на БиХ, но не било назначено за кој е наменето писмото.

Полициските службеници веќе работат на расветлување на случајот. Како што пишуваат медиумите, станува збор за куршум калибар 765.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.11.2019 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега