Панки од „Куку леле“ за апсењето: „Јас не сум криминалец, се најдов на погрешно место, со погрешни луѓе“

Пред неколку месеци сите медиуми во земјава пишуваа за апсењето на пејачот Сашо Каимовски, во јавноста познат како Панки од дуото „Куку леле“.

Пејачот бил уапсен откако се нашол на европска потерница распишана пред 13 години од страна на германските власти, за учество во криминална мрежа која крадела податоци од банкомати.

Тој одлучи да ја каже вистината и да си ја отвори душата за естрадниот магазин Бекстејџ.

„Јас не сум криминалец. Се најдов на погрешно место, со погрешни луѓе. Кармата од пред 13 години, ме стигна денес.Едно време, таму пред 14 години, се најдов на лошо место, со лоши луѓе, во лошо време… Нешто има вистина, но, голем дел не е вистина. Ме стигна кармата по 14 години, па морав да се правдам во Европа. Ме пуштија и се тоа падна во вода.

Јас не сум криминалец, го неам тој код. Претешко е тоа, кога си сам со себе и мислиш на твоите дома. Не дај Боже никому да му се случи.

Не знам која е вистината, нека пишуваат што сакаат. Јас и моите најблиски знаеме“, кажа Панки.

Погледнете го целото интервју:

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега