Панова: Иван Џолев не смее да биде избран за ВД на Основен Кривичен Суд

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува членовите на судскиот совет да го почитуваат Уставот и интересот на граѓаните на Република Македонија, а не политичките притисоци кога денес ќе одлучуваат за именување на Вршител на Должноста Претседател на Основниот кривичен суд Скопје 1.

Постојат сознанија дека власта во заминување врши притисок за денеска Советот да донесе политичка, а не одлука согласно закон, и со кршење на законот и уставот досегашниот претседател Иван Џолев да биде назначен за ВД претседател на судот, само заради исполнување на политички агенди на власта во заминување, изјави Ели Панова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Постојат сознанија дека власта во заминување врши притисок за денеска Советот да донесе политичка, а не одлука согласно закон, и со кршење на законот и уставот досегашниот претседател Иван Џолев да биде назначен за ВД претседател на судот, само заради исполнување на политички агенди на власта во заминување“-додаде Панова на денешната прес-конференција.

Во своето обраќање потенцираше: „ВМРО-ДПМНЕ во име на граѓаните на Република Македонија бара Членовите на судскиот совет денеска да не подлегнат под притисоците и да не донесат политичка одлука со која за в.д на Основниот кривичен суд би го избрале судијата Иван Џолев. Напротив, очекуваме членовите на судскиот совет, телото за контрола на судската власт, да ги почитува Уставот и законите и според нив, да го изберат најдобро оценуваниот судија“.

 

08.11.2021 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега