Панова: Кандидатот на СДСМ за Лозово малтретираше бремена жена која го загуби бебето од стрес

СДСМ се залагаат за родова еднаквост само на хартија, во реалноста е сосема поинаку. Всушност, тоа е партија на женомрзци, луѓе кои малтретираат вработени и вршат мобинг врз жени. Дека тоа е така докажува одлуката на Заев и СДСМ кандидат за градоначалник на Лозово да го предложат монструмот Ацо Велковски, досегашен градоначалник. Овој човек вршеше повеќемесечен мобинг и малтретираше жена која претходно 14 години била вработена во општината но како резултат на бруталната тортура, истата доживеа спонтан абортус на нејзиното 7 месечно бебе, а потоа беше избркана од работа, изјави на денешната прес конференција, Ели Панова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа посочува дека сторијата на Виолета Колева, е тажната реалност која ја живееме со СДСМ, и тажната реалност со која се соочуваат многу жени со оваа власт.

– Заев со тоа што го предлага Ацо Велковски како кандидат за градоначалник за Лозово, го одобрува мобингот и малтретирањето кое овој човек монструозно го вршел врз Виолета, но истовремено остава можност овој човек да малтретира и врши мобинг и во иднина. Заев и СДСМ покажаа дека само лажно се залагаат за заштита на правата на жените. Се прашуваме дали Сања Лукаревска како потпретседателка на СДСМ но и сите жени функционерки во СДСМ, би застанале во одбрана на жена од било која партија, и дали би го осудиле овој, ваков или сличен чин на насилство? НИКАДЕ, а најмалку во политиката смее да има место за насилници, и луѓе што малтретираат и вршат мобинг врз жени. Токму затоа ги повикувам:

· Клубот на пратенички во Собранието на Република Македонија да реагира и да ја осуди одлуката на Заев и СДСМ за кандидирањето на Ацо Велковски.

· Истовремено ги повикувам Хелсиншкиот комитет, Маргини но и други невладини организации кои се занимаваат со заштита на човекови права да го осудат овој чин и да побараат одговорност.

· Очекувам реакција и од Народниот правобранител, но и од сите институции кои до сега молчат во однос на овој случај, објасни Панова.

Таа тврди дека е време за политика со јавна и силна осуда за секакво насилство врз жена.

– Скандалот за ваквото монструозно однесување на Велковски врз жена е доволна причина јавно да искажеме осуда за неговата повторна кандидатура за градоначалник на Лозово! Потребни се промени и ние ќе ги донесеме тие промени, а луѓе како Велковски нема да се повторат. Време е за Македонија за сите луѓе, додаде пратеничката.

15.07.2021 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега