Папата Франциск ги осуди луѓето кои се обидуваат да заработат на кризата со коронавирусот

Папата Франциск денеска ги осуди луѓето кои пандемијата од коронавирусот ја користат за брза заработка, а посебно се осврна на „лицемерието” на одредени политичари во пристапот кон кризата.

 

На самиот почеток од неговата утринска миса папата ги повика оние кои сакаат да заработат на човековата сиромаштија да направат пресврт во однесувањето.

Зборуваше и за „ оние кои во ова време на пандемија ја  искористуваат незавидната положба на луѓето со потреби и им продаваат на мафијашите, на зеланшите и на другите”

Папата, исто така, кажа дека коронавирусот, што не ги штеди ниту богатите, ниту сиромашните, го разоткри лицемерието.

-Ме загрижува лицемерието на одредени политичари кои зборуваат за спротивставување на кризата, за проблемот со гладта во светот, но во меѓувреме произведуваат оружје, рече папата Франциск, не наведувајќи за кои политичари или земји станува збор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега