Папата Франциск: Хомосексуалците имаат право на семејство

Папата Франциск ги поддржа граѓанските истополови бракови и хомосексуланите заедници. Поддршкатаа ја даде во интервју за документарниот филм „Франциск“, јавува АП.

-Хомосексуалците имаат право на семејство. Тие се божји деца. Она што мора да го имаме е закон за граѓанска заедница, а тој начин тие ќе бидат законски покриени, рекол папата.

Документарниот филм во режија на Евгениј Афинеевски говори за папството на Франциско во последните 7,5 години. Го следи на многу патувања пред пандемијата со ковид-19. А во филмот се разработува и неговиот однос во разрешувањето на скандалите за сексуални злоупотреби кои се однесуваат на Црквата.

Режисерот почнал да работи на документарниот филм на почетокот на 2018, а премиерно беше прикажан денеска на Филмскиот фестивал во Рим.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега