Папата Франциско: Слободата на изразување има граници

Во реакцијата на терористичкиот напад врз редакцијата на францускиот сатиричен весник „Шарли Ебдо„ во кој ислмистички екстремисти убија осум членови на редакцијата,папата ја бранеше слободата на говорот,како едно од виталните човекови права.

Папата Франциско,сепак,смета дека таквото право има свои граници.

Тој смета дека религиите мора да бидат третирани со целосен респект,а верувањето на луѓето не смее да биде исмевано и навредувано.

Изјавата треба да значи несогласување на поглаваарот на католичката црква со практиката на редакцијата на парискиот весник, да прави карикатури и смешни текстови за муслиманскиот пророк Мухамед, како и за христијаните и за Евреите,што често го има на страниците на „Шарли Ебдо„.

Сепак, папата остро го осуди терористичкиот напад и убиството на вкупно 17 лица.Тој изјави дека нема никакво одобрување за едно вакво „страшно насилство„ извршено во името на Господ.

 

 

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега