Папата ги осуди насилствата меѓу Израел и Хамас

Папата Франциск денеска ја осуди неприфатливата „спирала на насилство“ меѓу Израел и Палестинците, нагласувајќи дека убиствата, особено на деца, е „знак дека тие не сакаат да ја градат иднината, туку да ја уништат”.

 

Поглаварот на Римокатоличката црква денеска се молеше за мир и меѓународна помош за да се отвори патот за дијалог.

 

– Се прашувам: што ќе донесе таа омраза и одмазда? Дали навистина мислиме дека можеме да градиме мир уништувајќи други. Во име на Бога … апелирам за примирје и крај на насилството, потенцира Папата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2021 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега