Парада на гороста: Комити открија кога и како ќе ги дочекаме шампионите

Никогаш не го потценувај СРЦЕТО НА ШАМПИОНОТ-порачуваат Комитите.

-Парадата на Гордоста започнува со Собирот пред салата Јане Сандански во 17:00ч. Од таму заедно се упатуваме кон Аеродромот Александар Велики со Дефиле од илјадници автомобили, мотори (Ноќни Волци), автобуси (организирани од ЈСП), велосипеди, тротинети на пречек на хероите. Од таму заедно во ГОЛЕМО ДЕФИЛЕ се упатуваме кон Плоштадот Македонија на голема Заедничка прослава. Ја Повикуваме цела Црвено-Црна Армија и цел Македонски народ заедно да ја прославиме Втората Европска Титула но пред се да го почувствуваме на голема сцена тоа Шампионско срце кое не направи сите да се чувствуваме горди, со исполнети души и срца. Оваа Парада на Гордоста воедно е и прослава на нашиот 32 Роденден, порачуваат Комитите.

Во продолжение, тие ги откриваат деталите: 

– ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД ЈСП ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ ДА ПРИСУСТВУВААТ НА ПРЕЧЕКОТ !!!

– ДЕФИЛЕТО ЗАЕДНО СО КОМИТИ и Црвено-Црната Армија ќе го предводат НОЌНИТЕ ВОЛЦИ !!!

СОБИР: Сала Јане Сандански 17:00ч.
СТАРТ НА ДЕФИЛЕТО КОН АЕРОДРОМ: Околу 17:30ч.
Авионот Слетува околу 18:30ч.
А од Аеродром СИТЕ ЗАЕДНО – На ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА !!!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2019 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега