Парична казна за две лица од Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Предлог за издавање казнен налог против две лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите  на 25.03.2020 година за време на полицискиот час со возило се движеле низ градот и со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID – 19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Македонија.

За стореното кривично дело, јавен обвинител на Основниот суд во Куманово му предложи да изрече парична казна за обвинетите во висина од по 50 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на износ од 20 евра во денарска противвредност.​

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега