Парични казни за семејство во Берово за непочитување на полицискиот час

Четири лица од Берово, членови на едно семејство се обинети дека свесно го прекршиле полицискиот час во текот на викендот.

И покрај тоа што знаеле за мерките против опасната заразна болест Ковид-19, лицата не постапиле според прописите и во текот на викендот се движеле со возило додека на сила била забраната за движење во временски период од 16 часот до 5 часот наредниот ден.

Со своите дејствија, секој од обвинетите сторил кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, поради што е поднесен предлог за секого да се изрече парична казна во висина од 200 до 600 евра во денарска противвредност.​

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега