Партијата на косовскиот премиер Албин Курти најавува учество на изборите во Македонија

 

 

Косовската партија Самоопределување на косовскиот премиер, Албин Курти, најави дека ќе биде дел од албанската опозиција на изборите во Македонија.

Денеска на плоштадот „Скендербег“, Европскиот Сојуз за Промена ја отвори заедничката канцеларија на коалицијата. На отвoрањето учествуваа претседателите на трите партии: Алтернатива, Движење Беса и Демократско Движење, каде им се приклучи Движењето Самоопределување од Косово, со нејзиниот претставник Беким Ќоку, кој му е советник на Курти.

-Ме радува фактот дека на овој убав сончев ден, во нашиот опозициски фронт се приклучи и Движењето Самоопределување, и дека после промената во Косово и во Прешевска долина, заедно ќе ја носиме долгоочекуваната промене и кај Албанците во Северна Македонија, рече претседателот на Демократско Движење, Изет Меџити.

-Нашата Влада ќе биде поинаку, како што сме денес во оваа канцеларија во доста фреквентно место, меѓу вас, вака заедно со вас ќе го правиме и владеењето, одејќи кај граѓаните за да сме поблиску до нив и да ги решиме нивните грижи и потреби, рече првиот човек на Движењето БЕСА, Билал Касами.

-Добродојдовте на отварањето на оваа канцеларија во срцето на Чаршијата, секоја темна ноќ има и зора, секоја студена зима ја очекува пролетта, и тука кај нас на 8 Мај и дефинитивно ќе доаѓа албанската пролет и сите заедно во оваа канцеларија ќе ја прославиме големата победа, рече претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

Според Коќу, пак, Движењето Самоопределување станува четвртиот столб на овој опозициски фронт за да ја донесе долгоочекуваната промена во Македонија.

-Тука денес се обраќам и како поранешен член на Алијансата за Албанците, знаејќи го духот и менталитетот на оваа партија, ги повикувам да бидат дел од оваа победничка коалиција за заеднички да ја направиме големата промена, рече советникот на Курти.

24.12.2023 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега