Партнерите денес се поподготвени да простат неверство?

Истражување на апликација за запознавање покажа дека луѓето од 34 до 49 години поинаку гледаат на неверството и се посклони да му пружат втора шанса на неверниот партнер.

Неодамнешната студија покажува дека и покрај спротивставеното мислење, многумина сепак се поподготвени да му го простат неверството на партнерот. Индиската апликација за запознавање Глиден спроведе истражување за да ги провери новите трендови за пронаоѓање партнери. Испитаниците биле од 34 до 49 години.

Иако многумина сметаат дека неверството е причина за раскинување, сѐ повеќе има такви кои би му простиле на партнерот.

Дури 36,9 отсто од нив би прголедале „низ прст“, 40,1 процент смета дека иднината на врската зависи од причината за неверството. Само 23 отсто од испитаниците рекле дека веднаш би ја прекинале врската.

Истражувањето покажалоо дека иако помладите испитаници претходно биле склони на авантури и врски без обврски денес тоа не е толку привлечно. Се менува перспективата на луѓето, а со тоа денес повеќе тежнееме да пронајдеме доживетон сопатник отколку краткотрајна врска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 23:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега