Патниците почнаа да го напуштаат крузерот- заврши карантинот во Јокохама (ВИДЕО)

Стотици патници денес започнаа да го напуштаат крузерот „Дајмонд принцес“, по завршувањето на контроверзниот двонеделен карантин, кој не успеа да го спречи ширењето на новата вирусна корона кај патниците и екипажот.

Резултатите сè уште се во очекување на некои патници кои биле тестирани за вирусот Ковид-19, од кои 74.185 се заразени во Кина, а 2.004 починаа.

Јапонската влада е критикувана поради тоа што одлучи да ги задржи луѓето на бродот, што некои експерти го нарекоа совршен инкубатор за вирусот, објави АП. „Дајмонд принцес“ е најинфективната зона надвор од Кина. Вчера беа откриени 542 инфекции на бродот со вкупно 3.711 лица. Многу странски држави соопштија дека нема да примаат патници од крузерот, додека не поминат уште еден карантински период, па според АП, сцената на патниците што излегуваат, влегуваат во такси и си исчезнуваат негде низ Јокохама е неверојатна.

-Малку сум загрижен дали сум доволно здрав за да се симнам од бродот, но ситуацијата стана физички многу тешка. Сега само сакаме да прославиме – изјави 77-годишен човек од Саитама, во близина на Токио, кој се симна од крузерот со својата сопругата.

Оние кои добија дозвола за напуштање на крузерот со негативни резултати од тестовите, ги исполниле барањата на Јапонија за карантин и се слободни да си одат дома со јавен превоз, како што изјави вчера јапонскиот министер за здравство, Какунобу Като.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега