Патрик Волер со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ: Промените се неопходни и возможни (ВИДЕО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изрази благодарност за поддршката од Патрик Волер, секретарот за меѓународна соработка на најсилното политичко семејство во ЕУ, EPP – European People’s Party.

-Новата иднина за сите луѓе е заедничка битка за стандарди и вредности какви заслужуваме. Победата на локалните избори е огромниот чекор за промени, проекти и победи. Заедно до новата иднина, пишува Мицкоски.

Во видео обрааќањето, Волер го честита успехот на партијата на локалните избори.

-Сакам срдечно да ви честитам на вашата огромна и значајна победа во првиот круг од локалните избори, вклучувајќи ги важните победи во првиот круг како в Аеродром, Штип и Велес. Гласачите, граѓаните ја поддржаа позитивната и обединувачка кампања фокусирана на изнаоѓање на решенија и проекти кои ќе ја придвижат вашата држава напред, стои во видео пораката на Волер.

Волер за вториот круг од изборите им посака се најдобро на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, ососбено за Скопје, Битола и Охрид.

-Промените се неопходни и промените се возможни како што и потврди првиот круг. Сега е ваша одговорност да владеете со нашите заенички европски принципи и стандарди за подобар живот на граѓаните почнувајќи од локални ниво, нагласува Волер.

27.10.2021 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа