Павле Трајанов: Парламентот да создаде услови за да продолжи постапката за четирите хашки предмети од 2001 година
Демократски Сојуз на Павле Трајанов излезе со барање Парламентот да создаде услови за продолжување на постапката за решавање на четирите хашки предмети од 2001 година.
Наместо Владата да го сокрива барањето од Советот на Европа за расчистување на Хашките предмети "Вотство На ОНА", "Липковско Езеро", "Гробница Непроштено" и "Мавровски работници", да предложи Собранието на Македонија да го суспендира автентичното толкување со кое Законот за амнестија (од 2002 година) ги опфати и овие четири Хашки предмети.
Согласно Женевските Конвенции, воените злосторства над цивилно население не застаруват, затоа Собранието има обврска да создаде правни претпоставки за да се истражат овие тешки кривични дела против цивили и да се утврди одговорноста на сите вклучени во извршувањето на овие злосторства.
Почитувајќи го начелотo на презумпција на невиност, сите мора да се соочат со правдата и да понесат одговoрност.
Судот мора да донесе одлука да ги отстрани од вршење јавни функции сите за кои има основани сомненија дека се актери на овие злосторства.
Целосно го поддржуваме ставот на Советот на Европа: "Без цврсто осудување на злосторствата од минатото не може да се гради мирно демократско општество" – стои во соопштението на Демократскиот Сојуз
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа