Павле Трајанов побара одложување на пописот

Демократскиот сојуз на пратеникот Павле Трајанов побара одложување на спроведувањето на пописот.

-Прво, пописот да се одложи најмалку до месец Јуни или на неопределено време. Второ, да се обезбеди политички консензус за времето на одржување на истиот. Трето, во меѓувреме попишувачите да се вакцинираат. Демократскиот сојуз предлага одложување на пописот поради тоа што: се влошува епидемиолошката состојба, вирусот се шири, има голем број на заразени, здравствените капацитети се исполнети, со имунизацијата се касни (нема вакцини), иселениците, Македонци досега не се попишаа, голем број на граѓани најавуваат дека нема да ги примат попишувачите во своите домови, опозициските партии од македонскиот блок бараат одложување или негово бојкотирање, рече Трајанов на прес-конференција.

Според него, сето ова укажува дека пописот нема да биде успешен.

езултатите ќе дадат искривена слика на состојбите, посебно на оние за вкупниот број на населението и нивната етничка припадност. Затоа предлагаме Владата да направи анализа на состојбите и донесе одлука за одложување на пописот и предложи Парламентот да донесе Закон за одложување на истиот. Инаку сигурни сме во тоа дека пописот е значајна статистичка операција, и за успешно завршување на истата неопходен е граѓански и политички консензус, рече Трајанов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2021 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега