Павле Трајанов: Резервиран сум дека Беса ќе се вклучи во ново парламентарно мнозинство, Касами е разумен човек

„Беса беше на избори заедно со СДСМ и други политички партии, тие пратеници 4 сега дали се потенцијал на Беса или не, тоа никој не може да го процени. И јас порано имав став околу трансферот на пратеници. Партиите што биле со нас на изборите можат да ја менуваат страната полесно, меѓутоа партиите што сме биле заедно мислам дека, тој трансфер да се прифаќа од една страна на друга, не е морално, и за мене тоа е неприфатливо“.

Ова го истакна лидерот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов, во емисијата „Анализа со Борјан“ на ТВ21.

Според него, одлуката сепак е на партијата.

„Имам резерви дека Беса комплетно се приклучува кон ново парламентарно мнозинство, затоа што таму е лидер Биљал Касами, дали тој ја контролира ситуација, претпоставувам дека да, бидејќи се работи за исклучително стабилна личност и вакви пресврти не се очекуваат баш од Беса“, вели Трајанов.

 

05.11.2021 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега