Павле Трајанов за потегот на БЕСА: Неприфатливо е да се прави „трансфер“ од една на друга страна од власта

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, во вчерашното гостување на ТВ21 истакна дека било неприфатливо да се прави трансфер од една на друга страна на власта, мислејќи на потегот на Беса, која после долго време на напушти власта и формираше ново парламентарно мнозинство со останатите партии ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса/Алтернатива и Левица.

„Беса беше на избори заедно со СДСМ и други политички партии, тие пратеници 4 сега дали се потенцијал на Беса или не, тоа никој не може да го процени. И јас порано имав став околу трансферот на пратеници. Партиите што биле со нас на изборите можат да ја менуваат страната полесно, меѓутоа партиите што сме биле заедно мислам дека, тој трансфер да се прифаќа од една страна на друга, не е морално, и за мене тоа е неприфатливо”, кажа Трајанов.

Tрајанов истакна дека Парламентот не би бил стабилен со 62 или 62 пратеници колку што биле сега.

„Парламентот нема да биде стабилен, не ќе може да дава поддршка за проектите што ќе ги предлага Владата и претпоставувам дека таа ќе биде вовед за предвремени парламентарни избори. Доколку се изгласа недоверба на владата, веднаш по тоа, претседателот ќе бара кои партии имаат 61 пратеник, за да го додели мандатот. И почнува таа процедура – десет дена за нов мандат, па дваесет дена мандатарот да предложи нова влада“, посочи Трајанов.

Претседателот на ДС кажа и дека имал резерви, дека Беса комплетно се приклучува кон ново мнозинство, како причина наведувајќи го раководството на Биљаљ Касами.

„Имам резерви дека Беса комплетно се приклучува кон ново парламентарно мнозинство, затоа што таму е лидер Биљал Касами, дали тој ја контролира ситуацијата, претпоставувам дека да, бидејќи се работи за исклучително стабилна личност и вакви пресврти не се очекуваат баш од Беса“, вели Трајанов.

06.11.2021 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега