Педесетгодишна жена роди здраво бебе во Гинекологија - Чаир

50-годишна трудница роди здраво и живо бебе во Гинеколошката болница во Чаир - „Мајка Тереза“, дознава ТВ24.

Имено, жената 27 години се борела стерилитет.

Од болницата велат дека целиот медицински тим од лекари - гинеколози и сестри, целата бременост успешно ја третирале, мајката и бебето се добри и деновиве треба да ја напуштат болницата.

Ова, според статистиките на болницата, е највозрасната родилка регистрирана во болницата во скопски Чаир.

21.07.2021 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа