Пеколна ноќ на Сардинија: Пожарот голта сѐ пред себе- властите страуваат дека најлошото дорпва следува (ВИДЕО)

Пеколна ноќ, вака известуваат италијанските медиуми за големиот пожар што зафати неколку места на Сардинија синоќа, во близина на местото Сасари.

Според агенцијата Анса, илјадници луѓе, локални жители и туристи, веќе се евакуирани.

Во областите погодени од пожарот, небото е покриено со пепел, а воздухот е полн со чад.

Пожарот веќе зафати хектари шума и вегетација и опасно се доближува до населените места.

- Трагичен ден за нашиот остров. Две жаришта сè уште се активни - известува локалната противпожарна единица „Форестас“.

Градоначалникот на една од општините погодени од пожарот,Салваторе Корис, на својот Фејсбук профил, заедно со слики од огромниот пожар, напиша: „Катастрофа, и сè уште не е готово, се плашиме од најлошото“

Деновиве на Сардинија температурите се многу високи, над 35 степени, но сè уште не е јасно дали пожарот е последица на високи температури, небрежност или е подметнат.

25.07.2021 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега