Пендаровски денеска ќе му го врачи мандатот на Џафери

 

Шефот на државата Стево Пендаровски денеска ќе му го врачи мандатот  за премиер на техничка влада на веќе поранешниот собраниски спикер Талат Џафери.

„Претседателот Стево Пендаровски, денеска - 26 јануари 2024 година, петок, во 15:00 часот, ќе му го врачи мандатот на Талат Џафери, за состав на преодна Влада за спроведување на избори на пратеници“, соопштија од Кабинетот на Претседателот.

На собраниска седница денеска пред утврдување на дневниот ред, беа констатирани оставките на Димитар Ковачевски и Талат Џафери. Во моментов во Собранието се одвива седница на која треба да биде изгласан новиот претседател на Собранието. На ова столче е предвидено да седне Јован Митревски, актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ.

26.01.2024 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега